Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер, кој во централните подрачја ќе засилува.
Од пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. Во Битола до 34 степени.
УВ индексот 8.












