Утрово 9 степени во Лазарополе, Попова Шапка, Берово, 11 Маврови Анови, 12 Крушево, 13 Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола, Струмица, Гевгелија, 14 Прилеп, Дојран, 15 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Виница, 16 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Во Битола до 26 степени.












