Состојба на патиштата

0
347

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар престанува да важи од 07:45 часот.

На 26.02.2018 година од 04:00 часот на магистралниот пат „Крива Паланка – Деве Баир“, поточно на излезот од градот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

На 26.02.2018 година од 03:00 часот на регионалниот пат „Валандово – Дојран“ кај крстосница Фурка, воведена е забрана за сообраќај на тешко товарно возило поради попреченост на товарно моторно возило.

На 26.02.2018 година од 00:45 часот на регионалниот пат „Македонски Брод – Прилеп“ на планинскиот превој „ Барбарос“ воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

На 25.02.2018 година од 20:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

На 25.02.2018 година од 18:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

На 25.02.2018 година од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

На 25.02.2018 година од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

На 25.02.2018 година од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

На 25.02.2018 година од 13:20 часот на патниот правец Маврово – Дебар воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни патни правци во државата врне снег. На сите патни правци има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 м на Попова Шапка.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

нтензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.