ТЕРА

REKLAMA???

СО „REELS“ ОПШТИНАТА ИНФОРМИРА ЗА СОСТОЈБАТА ВО „НЕДОПИРЛИВИ“

Претставници од Светска банка, градоначалникот на општина Битола и дел од општинската администрација, извршија увид на реализацијата на активностите во населбата „Недопирливи“.

За ова oпштината информира преку “Reels” и кусо соопштение дека претставниците од Светска банка, во рамките на работната посета, вршеа мониторинг и утврдување на состојбата на три важни параметри кои се однесуваат на животната средина, безбедност и заштита при работа, како и динамиката на изведување на градежните работи.

Од страна на Светска банка беше побарано забрзување на динамиката од страна на изведувачот, а се разговараше и за усогласување на сообраќајното решение пред реализација на фазата асфалтирање, стои во информацијата на Општина Битола.