ТЕРА

REKLAMA???

СО ДОЖД ВО ПОНИСКИТЕ МЕСТА И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ

Утрово -4 степени во Берово, -2 Попова Шапка, Лазарополе, -1 Скопје-Петровец, Демир Капија, 0 Маврови Анови, Крива Паланка, Штип, Струмица, 1 Битола, Крушево, 2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Прилеп, Виница, 3 Гевгелија, 4 Претор, 5 Дебар, Дојран.

Најмногу дожд од 11 л/м2 наврна во Маврови Анови, 9 Дебар, 7 Охрид, 6 Лазарополе, 4 Попова Шапка, 3 Пожаране, 2  Претор, 1 Тетово, Крива Паланка, Крушево.

Во текот на ноќта беше претежно ведро, а во западните делови малку до умерено облачно. Изутринава облачноста се зголеми и времето е умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Демир Капија има појава на магла.

Денеска претежно облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.) Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени. Во Битола до 12 степени.