Утрово -6 степени во Скопје-Петровец, -5 Берово, Велес, -4 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Битола, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, -2 Струмица, Попова Шапка, -1 Виница, 1 Дебар, Охрид, 2 Гевгелија, 4 Дојран.
Времето во текот на ноќта беше променливо облачно, во западните делови со повремен слаб дожд, а на планините од снег.
Денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Температурата ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Битола до 13 степени.












