Работите на локацијата кадешто се гради новата пожарна привремено запреа денеска поради пронаоѓање на остатоци од огнено оружје. Од просторот кадешто биле одложени извлечени се 110 цевки на пушки – долг и и куси, нешто што наликува на кубура, а се претпоставува дека овде имало магацин на оружје. Малиот отвор во земјата покажува дека ги има уште многу.

Денеска на теренот беше присутна екипа на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Моментарлноовде се пронајдени 110 пушки, тоа е еден многу мал дел бидејќи во позадина имаме многу други кои што се гледаат, така што во текот на утрешниот ден повторно ќе се вадат“ вели Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.
Во текот на денот увид направила и екипа од Завод и Музеј. Врз основа на досегашното свое и искуството на битолската Дирекција, може да се дојде до првичната проценка какво е ова оружје.
„Пронајдени се пушки кои датираат од Балканските војни, најверојатно од тогаш, некаде од 1910 година, бидејќи тука била линијата на фронтот, знаеме дека Битола е лежиште на бомби, гранати, така што не е чудно што ова се пронајде.“

Ова не е првпат на битолскои тло да се пронајдат вакви остатоци, а со оглед на фактот дека градежната сезона е во ек, Стефанов апелира до граѓаните во вакви случаи веднаш да пријават, најпрвин во СВР Битола од каде почнува процедурата.
„Доколку пронајде изведувач или физичко лице воопшто да не експериментира, да непоместува, да не експериментира со нив, веднаш да пријави во најблиската полициска станица, тие понатаму си ја знаат процедурата,м ме известуваат и доаѓам на лице место и го отстранувам.“
Во текот на следните денови службата ќе работи на ископување на пронајдените оружени средства. Претпоставуваат дека дел од пронајдоците ќе остане како музејски експонати, но дека поголемиот дел ќе биде уништен.












