Од Центарот за управување со кризи информираат дека обезбедена е меѓународна помош со ЕУ механизмот на цивилна заштита.

Од Србија 1 хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9.45 слета на скопскиот аеродром.
Од Чешка 1 хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона. Се очекува да пристигне вечерва.
И од Германија 2 ер трактори (AT802/2), за што медиумите дополнително ќе бидат известени кога би можеле да пристигнат.

Утрово на седницата на Управувачкиот комитет било одлучено да предложат до Владата да се ангажира НАТО механизмот за помош, кој во суштина ги нуди истите работи како механизмот на Европската унија, но преку него, како што вели Ангелов може да се бара помош во пешадија, односно искусни пожарникари.












