ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ГИ РАСЧИСТУВА ПРИСТАПНИТЕ ПАТИШТА ДО АКУМУЛАЦИЈАТА

Јавното претпријатие Стрежево во атарот на селата Лера, Рамна, Српци и Доленци спроведува акција за чистење и проширувањето на локалните патишта кои ги поврзуваат овие села и водат до акумулацијата Стрежево.

Како што велат од претпријатието, со сопствена механизација извршија порамнување на неуредените површини, ја отстрануваа вегетацијата и сувите гранки покрај патот, ја елиминираа несоодветната вегетација покрај регулационите корита, ги сечеа и гранките кои го попречуваат движењето на граѓаните покрај месните патишта, а со тоа придонесоа да се зголеми безбедноста на граѓаните кои гравитираат кон акумулацијата Стрежево, и интегрално целокупното сливно подрачје на Хидросистемот Стрежево.

Стрежево преку континуиран процес кој обезбедува трајно и квалитетно чистење на јавните површини, во доменот на своите надлежности, продолжува да спроведува активности за чистење, уредување и проширување на локалната патна инфраструктура, кои се од јавен интерес и особено локално значење за граѓаните, велат од претпријатието.