ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНО УТРО, ВО БИТОЛА ДНЕВНАТА ДО 6 СТЕПЕНИ

Утрово -5 степени во Крива Паланка, -4 Маврови Анови, Лазарополе, -2 Берово, Демир Капија, Куманово, -1 Штип, Крушево, Виница, 0 Охрид, Попова Шапка, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 1 Прилеп, Битола, Дебар, 2 Тетово, Претор, 4 Дојран, 5 Гевгелија.

Во текот на ноќта имаше променлива облачност и дуваше слаб променлив ветер. Утринава во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во централните и западните делови. Дува слаб променлив ветер. Во Крушево и во Скопската котлина е магливо.

Денеска наутро студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во југоисточните делови од земјата и понекаде во западните. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Битола до 6 степени.