Судијата во Врховниот суд на Њујорк, Артур Енгорон синоќа пресуди парична казна за поранешниот претседател Доналд Трамп во висина од 354,9 милиони долари, и му забрани да раководи компании во Њујорк, вклучувајќи ја и неговата Трамп Организација.
Трамп е прогласен за виновен поради тоа што прикажувал поголема вредност на својот имот и објекти при добивање на кредити. Пресудата на Енгорон е напишана на 92 страници.
Граѓанската парница против Трамп беше покрената по тужба од генералниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс. Таа го обвини Трамп и неговите синови за прикажување на завишена вредност на активите на Трамп Организација за 3,6 милијарди долари годишно во текот на десет години, со што добивал од банките кредити со подобри услови.
– Правдата денеска е послужена… Ова е измама на белите јаки и не е без жртви. Големината и обемот на криминалот е зашеметувачки, изјави таа.
Заедно со претходно изречената пресуда за исплати од 83 милиони долари на авторката Елизабет Џин Керол која го обвини за силување, Трамп сега должи вкупно 438 милиони долари. На тие пари отсега се сметаат и камати што би можеле да достигнат и до 100 милиони.
МИА











