ТЕРА

REKLAMA???

ТВОРЕШТВОТО НА РАДОВАН П.ЦВЕТКОВСКИ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ ВО БИТОЛА

Исполнет е заветот на плодниот писател од Битола, Радован П. Цветковски, со тоа што целата негова архива и творечки опус е предаден од страна на неговиот внук во Државниот архив, во  Одделението во Битола.
„ Ова е материјал од големо значење за нашиот Архив, што содржи книги, оригинални ракописи и аудио-снимки за културниот живот, народните приказни, преданија и за обичаите на населението во Битола и Демир Хисар и од други помали места, што ќе го средат наши архивисти и ќе се чува во нашето депо“, напиша раководителот на Државниот архив – Одделение Битола, Гоце Стојановски по повод прифаќањето на материјалиите од Цветковски.

Писателот Радован П. Цветковски, беше поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии. Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Тој почина минатата година на деведесет и две годишна возраст, по кратко боледување.