Седумчлен тим од средношколци од Техничко училиште е победникот на Климатонот – натпреварот во иновативни решенија за климатските промени што кон крајот на минатата недела се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски студии (ФИКТ) во Битола. Тие својот прототип на „еко-макс“ во следна фаза ќе учат како да го развојат до секојдневна и комерцијална употреба.

Климатон – хакатон вор организација на ФИКТ Од Битола во соработка со Фондација отворено општество и ЦЕЕД Хаб од Скопје ги понуди првите оригинални решенија на битолски ученици и студенти во однос на различни климатски иновации. Тимот доби прво место во конкуренцијата на 12-тина тимови кои се натпреваруваа.

Александра Колевска – Јовановски – ментор на тимот вели првичната идеја беше да се најде практично решение коешто ќе го мери квалитетот на воздухот.
„Со овој проект се создава свесност но и директна можност за да се подобри квалитетот со цел Битола да стане едно подобро, почисто место и позелен град“ – ни рече професорката и додаде дека нивниот проект е поделен на два дела, „имаме физички уред и апликација“.

Христијан го претстави уредот – сензорска кутиичка со која се мери температура, влажност на воздухот и аерозагадувањето.

Емилија била задолжена да го обликува уредот. Користејќи ЦНЦ машина успеав да го исечав ома и да го составам целото , рече, добро е дека може да се постави секаде во домовите, мало е и не зазема простор.
Вториот дел на кој тимот работеше цели два дена е апликацијата којашто сите кои би ги купиле еко -макс апаративе би требало да ја имаат, за да бидат точно, навремено, вистински иреално информирани.

Димитар ни кажа „Нашата главна опција е инфо мени-то на којашто можеме да видиме каде се поставени сензорите во Битола односно каде би биле и можеме да ги видиме вредностите на воздухот точно на тоа место кадешто е сензорот. “

Андреј пак вели дека со другарот биле задолжени за маркетингот на проектот. Направиле истражуавње за купување на сензорите, за нивните целни групи, и како би го продале проектот. Нивниот производ бил најефикасен, наевтин и најмобилен.

Никола, исто задолжен за маркетингот продолжи – „И сега зошто баш ние, нели како компетитори има и други во нашата област. Преку графикот може да се забележи дека се најевтини, најмобилни и енергетски најефикасни. “
Апликацијата возможува следење на степенот зсагаденост во одредено место, квалитетот на воздухот што само по себе како информација може да доведе до намалување на загадувањето или потрошувачката на одреден ресурс. Корисниците следат статистика, може да добиваат и препорака, може да учествуваат во различни активности што ги организираат различни еко-организаци и за тоа добиваат поени.

Христијан ( другиот ) ги претстави сите од својот тим, професорката и менторка Колевска-Јовановски ги поделила во сектори. „Мене би беше многу стресно оти ова ми е прв хакатон вели Христијан и додава „имавме два дена да го развиеме проектот и да ги кажеме проблемите кои ни беа иницијатива за започнувањето, тие беа загадениот воздух, малата свесност на луѓето за загадениот воздух и ризиците од здравствени проблеми. “- рече Христијан кој работеше на дизајнот.
Воспоставување со локални бизниси, и со граѓаните прераснува во движење што ги обединува луѓето во заедничката борба за чиста животна средина, таа која се базира на научни податоци.
„Во моментов идејата е да видиме првично за Битола бидејќи се покажа дека доста е намален квалитетот на воздухот. Но, се разбира, доколку понатаму прерасне во нешто поголемо би сакале да влијаеме и на пошироко ниво. Ние ја добивме наградата, сега ќе направиме се што е во рамки на проектот, значи ќе го подобриме квалитетот, соп цел да имаме подобри резултати.

Инаку, Климатонот е првиот кој се реализира на ФИКТ односно во Битола, а според инфромациите од ЦЕД Хаб, првото место носи 6.000 долари, средства кои професорите, менторот и младите изумители треба да ги потрошат за надградување на идејата до вистински производ кој ќе помогне во секојдневието.












