И според Законот за старо градско јадро и според Законот за монументалните и споменични обележја и според Законот за заштита на културно наследство за се’ што се работи на културното наследство треба да се добие претходна дозвола од Управата за културно наследство.
Доцна попладнево, непосредно пред почетокот на „Актуел“ од Управата за културно наследство до ТЕРА Телевизија пристигна одговор на прашањата кои ги поставивме утринава, потпишан од директорката Весела Честоева.

Тера Телевизија утринава праша:
- Дали добивте барање од ИФФК “Браќа Манаки” или Општина Битола или било која друга институција инволвирана во постапките за било какви активности што се спроведуваат на улици како Широк Сокак, што се културно наследство?
- Доколку некој пријавил или побарал дозвола од УЗКН, дали е направена инспекција или разговори со инцијаторите и инвеститорите на поставувањето нови гранитни плочки со вградени месингани ѕвезди на кои се впишани имиња на лауреати ( споменично-обележје)
- Колку време е потребно од Ваша инспекција до донесување на одлука за постапување?

Од Управата дојде следниот одговор:
- Како што и претходно одговоривме, до Управата за заштита на културното наследство не е доставено Барање за поставување на звезди со лауреати од ниедна инстититуција , пред се овде мислам на ИФФК „ Браќа Манаки„ Општина Битола и Завод Музеј Битола;
- Како директор на УЗКН без претходна пријава денес донесов Наредба за вршење на Вонреден Инспекциски надзор за утре 24.09.2024 год во врска со поставувањето на нови плочи на наведената улица за потребите на Интернационалниот Фестивал Браќа Манаки.
- Овој одговор ќе зависи од увидот на лице место , и од фактичката состојба на лице место согласно законските прописи.












