ТЕРА

REKLAMA???

УСПЕШНА ПРЕМИЕРА НА „КАЈМАК“ ВО БЕЛГРАД

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски по премиерата во Португалија, имаше премиера на Белград на Меѓународниот филмски фестивал „Фест“. Истиот го претставија актерите Сара Климовска, Александар Микиќ, Филип Трајковиќ и Ана Стојановска. Заедно со Камка Тоциновски и Симона Спировска ги толкуваат главните ликови вклучени во два љубовни триаголници. Ова е филм за потрагата по личната слобода, за љубовта и за сето она што луѓето се подготвени да го направат во име на љубовта, едногласни се актерите.

Повеќето од актерите веќе имаат работено со Милчо: Сара во филмот „Врба“, Ана во „Мајки“ и Александар во „Пред дождот“. „Манчевски е идеален режисер“, велат тие. „Со него секогаш има подготовки каде што ги прецизираме улогите, за да можеме да си играме на сетот. Тој секогаш ја избира најдобрата рамка за актерот, која е скапоцена. Ваквата доверба во режисерот е многу важна “објасни Сара Климовска. Милчо Манчевски не беше присутен на ФЕСТ затоа што е во Њујорк, но ветил дека ќе дојде во Белград на крајот на април, кога филмот ќе започне со кино дистрибуција.

Тој и претходно беше дел од овој фестивал имено. Филмот „Мајки“, во 2011 година ја освои специјална награда на жирито „Небојша Ѓукелиќ“ на ФЕСТ, а во 2020 „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција, проследен со огромен интерес кај публиката. Со долготраен аплауз и стоечки овации заврши проекцијата на филмот на која тогаш присуствуваа и режисерот Манчевски и главните актери.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж. Филмот ја имаше својата премиера и во Битола во Центарот за култура  каде нашата екипа се сретна со дел од актерите.

Во филмот играат и Соња Михајлова, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Музиката е на култниот „Дениш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија.