ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ВО БИТОЛА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утре променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од пужен правец (над 60 км/час).

Утринската во Битола до 6, а дневната до 18 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а промена на времето ќе има во сабота. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат.