Советот на Општина Битола на последната седница за оваа година ќе расправа за буџетот за следната година.
Прва точка е предлог буџетот на Општина Битола за 2025 година, потоа предлог одлуката за извршување на Буџетот, буџетскиот календар за 2025 година.
Пред советниците ќе се најде и предлог одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година. Ќе се расправа и за извештајот за работата на Советот на Општината Битола за 2024 година, како и програмата за работа на Советот на Општината Битола за 2025 година.












