ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО БИТОЛА ВО МАГЛА И -8 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со -12 степени беше во Берово, -8 Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, -1 Охрид,  Гевгелија.

Висината на снежната покривка до утрово до 7:00 часот е 53 см на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 29 Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, 7 Штип, 3 Крива Паланка.

Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини со намалена хоризонтална видливост до 500 метри. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени. Во Битола до 1 степен.