ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО СЛАБ СНЕГ, А ПОТОА И СО СОНЦЕ

Утрово -10 степени на Попова Шапка, -6 Маврови Анови, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, -3 Берово, Виница, -2 Тетово, Прилеп, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Велес, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 Претор, 3 Гевгелија.

Најмногу дожд 6 л/м2 наврнаа во Виница, 5 Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, Тетово, 3 Крива Паланка, Пожаране, 2 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Берово, Крушево, 1 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Гевгелија, Маврови Анови, Тополчани.

До утрово до 7 часот 32 см е висината на снежната покривка на Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 3 Скопје-Петровец, 2 Виница, 1 Крива Паланка.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Битола до 5 степени.