ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -11 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово -11 степени во Битола, -8 Тетово, Дебар, -7 Прилеп, -6 Струмица, -5 Берово, Штип, Демир Капија, Маврови Анови, -4 Претор, Крушево, -3 Крива Паланка, Охрид, -2 Виница, 0 Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Велес, Дојран, 6 Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 18 см во Маврови Анови, 15 Дебар, 14 Битола, 11 Берово, Ѓуриште, 10 Попова Шапка, Крушево, 6 Тетово, Охрид, 5 Демир Капија, 1 Струмица.

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Изутринава е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени. Во Битола до 4 степени.