Утрово најстудено со -17 степени беше на Попова Шапка, -15 Берово, -14 Крушево, -12 Маврови Анови, Крива Паланка, -11 Битола, Тетово, -10 Прилеп, Претор, -9 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Демир Капија, -8 Виница, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, -4 Дојран, -3 Гевгелија.
Висината на снежната покривка до утрово до 7 часот е 49 см на Попова Шапка, 18 Маврови Анови, 5 Ѓуриште, 4 Крушево, 3 Берово.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено со слаб до умерен северен ветер. Утринава е студено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер.
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени. Во Битола до 1 степен.












