ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -16 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -16 степени беше во Берово, Битола, -13 Тетово, Прилеп, -12 Демир Капија, -11 Скопје-Петровец, Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица, Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор, Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран, 0 Попова Шапка.

Висината на снежната покривка е 19 см во Маврови Анови, 15 Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 6 Демир Капија, 2 Претор, Прилеп, Струмица, 1 Штип.

Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево, претежно тивко и студено со мала локална облачност. По одделни котлини има појава на магла. Во Пелагонискиот регион и во Демир Капија со намалена хоризонтална видливост до 200 метри.

Денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени. Во Битола до -3 степени.