Утрово најстудено со-6 степени беше во Берово, -4 Попова Шапка, -3 Битола, Прилеп, Струмица, -2 Лазарополе, Виница, Тетово, -1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 1 Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар, 2 Охрид, Велес.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди претежно во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот делумно ќе се намали.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а во котлините со магла дневната температура ќе достигне само неколку степени над нулата.
Дневната температура во Битола околу 0 степени.












