ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -4 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово -5 степени во Скопје-Петровец, Берово, -4 Битола, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Демир Капија, -2 Гевгелија, Куманово, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Прилеп, 1 Охрид, Претор, Крушево, Дојран, 2 Маврови Анови, Виница, 3 Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, по одделни котлини со појава на магла. Утрово е променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност со намалена хоризонтална видливост до 50 метри (Полог, Демир Капија, Скопје).

Времето денеска умерено до значително облачно со сончеви периоди повеќе во јужните делови. По котлините и речните долини ќе има магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во местата со подолготрајна магла температура до 6 степени, а во останатите делови максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Битола до 10 степени.