ТЕРА

REKLAMA???

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ НА УНИКАТЕН НАЧИН СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ПРОСЛАВАТА НА 4ти НОЕМВРИ

Во чест на 80 години од ослободувањето на Битола, учениците од III одделение од Основното училиште Св.Климент Охридски од Битола, заедно со нивните наставнички, учествуваа на уникатен настан – цртање на 80-метарско платно.


Настанот беше организиран од ликовниот уметник Анкица Стевановска, а целта беше да се создаде уметничко дело кое ќе ја одбележи оваа значајна годишнина за Битола.


Платното, кое беше дел од изложбата организирана по повод 80-годишнината од слободата на Битола, претставуваше колективно уметничко дело на учениците, кои со своите креативни идеи и вештини се приклучија во одбележувањето на оваа важна прослава за градот.
Со оваа активност, младите битолчани ја изразија својота љубов и почит кон историското наследство, а воедно и придонесоа за збогатување на програмата за прослава на празникот на градот.

Фото: ФБ страна на Училиштето Св.Климент Охридски