ТЕРА

REKLAMA???

УЧЕНИЦИ ОД ОУ„ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“ ВО ПОСЕТА НА АМД„ЃОРЃИ НАУМОВ“ ОД БИТОЛА

Денеска во посета на Авто Мото Друштвото „Ѓорѓи Наумов“ од Битола беа второодделенците од ОУ „Елпида Караманди“. Посетата ја реализираа во пресрет на патрониот празник на училиштето кој го одбележуваат на 22 април, а од страна на одговорните лица беа запознаени со работата на друштвото.

Дечињата во чест на револуционерот Ѓорѓи Наумов имаа подготвено рецитал, а наставниците заедно со директорот на АМД „Ѓорѓи Наумов“ од Битола и претседателот на Сојузот на Борци положија цвеќе пред споменикот на револуционерот Ѓорѓи Наумов кој се наоѓа во дворот на друштвото.  

„Денешната посета ја организиравме заедно со наставничките од сите наши второодделенци од нашето училиште, а поводот е патрониот празник на ОУ „Елпида Караманди“. Тоа е на 22 април, меѓутоа почнувајќи од денеска па во наредните денови ќе имаме голем број на активности кои што ќе го одбележат самото чествување на патронот. Зошто го избравме како прв настан од оваа серија на настани АМД „Ѓорѓи Наумов“ е од причина што тоа беше првиот командант на првиот Партизански одред „Пелистер“ формиран на 22 април 1942 година каде што еден од борците на Партизанскиот одред беше и нашиот патрон Елпида Караманди“, изјави Фанче Јошевска, одделенски наставник од ОУ „Елпида Караманди“ од Битола.

„Голема благодарност до ОУ „Елпида Караманди“ посебно до наставничките Фанче, Лиле и Гордана што ни ги донесоа дечињата од второ одделение да ни го разубават нашиот двор и нашата организација. Нашата фирма АМД „Ѓорѓи Наумов“ со гордост го носи името на командантот на првиот Партизански одред којшто е основан во битолскиот регион. Ги запознавме дечињата со дејноста на нашата организација, а тие ни одржаа еден историски час за животот и делото на Ѓорѓи Наумов, за што им сум посебно благодарен“, изјави Јонче Лајмановски директор на АМД „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.  

Дечињата од страна на директорот на АМД Ѓорѓи Наумов од Битола добија пригодни подароци. Инаку Авто Мото Друштвото “Ѓорѓи Наумов” – Битола е основано 1946 година. Располага со две современи станици за технички преглед а ги нудат следните услуги:Технички преглед, техничкка служба, консултанстки услуги и техничка поддршка, работилница за тахографи и таксаметри, испитување на возилата, оигурување, а вршат услуги и од нивни партнери.