ТЕРА

REKLAMA???

„УЧИМЕ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК“ ОД ПОНЕДЕЛНИК НА ТЕРА ТВ

Ланската година се случи првата претстава на знаковен јазик во нашата земја „Три“. И историски гледано во југоисточна Европа сме лидери, а сето ова тргнало случајно, вели главниот протагонист на оваа приказна, пред стартот на емисијата „Учиме знаковен јазик“.

Ристовски се надева дека ова ќе биде првата, а во иднината да биде снимена и втората сезона. Вели целта е преку емитувањето на оваа емисија да им се овоможи на глувонемите и наглуви деца да ја доживеат за прв пат сензацијата која ја нуди телевизијата, изведена на нивниот знаков јазик-кој го нарекуваат мајчин јазик.

Ато -центарот за современа уметност и култура, освен телевизиската ќе продуцира и медиумска кампања на социјални мрежи.

Емитувањето на програмата на Тера телевизија започнува в понеделник на 6 јуни, секој ден во термините од 16:45 и 20:45.