За утре е закажана 41 седница на Советот на Општина Битола. На неа само 12 точки кои деновиве поминаа и на соодветните комисии.
Се очекува најголем интерес да има за првата точка која се однесува на кварталниот извештај за извршување на Буџетот во првиот квартал од оваа година.
За ВМРО ДПМНЕ, како што рече советникот Бојан Бојкоски реализацијата на буџетот во овој квартал од 26,98 проценти е рекорд како никогаш досега.
На продолжението на седницата на комисија во петокот кварталниот извештај не беше усвоен.
Комисијата е составена од пет члена, а гласањето беше ваква: 2 гласа „за“ од членовите во комисијата од ВМРО ДПМНЕ, 1 против од СДСМ и 2 воздржани ( 1 од коалицијата на СДСМ и 1 од Поинаку.
Совеникот Корлевски ни кажа дека тој гласал против овој квартален извештај. Два дена пред тоа Илиевски од СДСМ рече дека немале изградено став.
А како ќе гласаат утре, не знаеме, но потсетуваме дека иако во ланската година кварталните извештаи не му ги гласаа на Коњановски, сепак завршната сметка беше усвоена, во спротивно новото мнозинство ќе се самораспуштеше.












