Овој ран есенски септември ден наидовме повеќе на граѓани во чаршијата отколку на Широк Сокак, тие и беа повеќе расположени за разговор со нас. Ние за „Aктуел“ прашавме што е актуелно неделава во Битола.
Започна Фестивалот и многумина што денеска ги најдовме ниту беа ниту ќе одат.
Најдовме и луѓе кои беа на свеченото отворање и биточланки кои волотираат .
И ги поттикнавме нашите соговорници да размислат со што Штип би привлекол повеќе присутни за една вечер на пастрмајлијада отколку Битола за цел еднонеделен филмски фестивал.
Новинарската анкета не е научно истражување , но анкетата е дел од методологијата на науката за извлекување вистински насоки кон развој. Па ако темата е туризам за време на манаки, очигледно треба да се насочи кон кафулињата – нивното работно време наспроти посебното кафе манаки, продавниците и нивното работно време, капацитетот на сместувачиите капацитети и анкетно прашање кој ги полни капацитетите, дали тие очекуваат гости – така организирано.