Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 синоќа презентираше документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови за разлика од каматната стапка на кредитот што владата на премиерот Христијан Мицкоски го договори со Унгарија и премиерот Виктор Орбан.
„Во стратешката рамката за партнерство на Светска банка со Република Северна Македонија 2024-2028 година меѓу другото стои и ставка за локални патишта и за локални општински работи за кои се одвојуваат 75 милиони долари. Зошто некој би преговарал како опозицијата, под целосно нетранспарентни услови, кога истите тие пари како континуитет на систем на заеми и работа со општините практично ги има државата преку Светска банка“, праша Филипче и додаде дека времето ќе покаже кои се бенефитите за Мицкоски и за Орбан од овој кредит.
Филипче потенцираше дека заемот со Светска банка кој бил веќе планиран е со многу пониска каматна стапка од кредитот од Унгарија – односно од 1,2 % во еден дел и од 3,5 % во друг дел што е многу поповолна ситуација наспроти 3,2 % што Северна Македонија и идните генерации ќе треба да ги плаќаат како камата на кредитот договорен со Орбан.












