Како изгледа совладувањето на болеста, траумите и стравовите од истата, на еден поинаков начин , низ филмскиот објектив под режисерската палка на Катерина Дејкоска, во Киното Браќа Манаки, беше прикажано преку филмот „Совладување“.

Овој филм кој беше докторски проект на авторката, е посветен на трауматските мозочни повреди, и го привлече вниманието на рехабилитациските центри во Америка, на Харвард универзитетот, Канада и Австралија.
„Публиката е секогаш импресионирана од информациите што им ги дава документарниот филм и од надежта што им ја влева,а тоа ми беше и е основна цел , затоа што не е само наменет за оние со трауматска мозочна повреда, но е наменет и за сите оние што се посочуваат со некакви потешкотии и проблеми“- рече Дејкоска.
Фото: Културен и информативен центар Битола












