ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛМОТ „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ НА ФЕСТИВАЛ ВО ИТАЛИЈА

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, ќе биде во официјална компетиција на претстоечкиот Кинест фест во Катанија, Италија. Фестивалот ќе се одржува од 5. април до 30. мај и е посветен на кинематографијата на централна и источна Европа. Светската премиера овој филм ја имаше на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро. Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите нејзини филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот. 

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт,сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски,продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.