ТЕРА

REKLAMA???

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ЕВРОПА ДА ГО УКИНЕ ПРАВОТО НА ВЕТО

ЕУ мора да биде способна да реагира побрзо на геополитичките случувања и треба да стави крај на барањето за едногласност во надворешно политичките одлуки, изјави во понеделникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пишува „Политико“.

„Во надворешните работи, навистина мораме да преминеме на гласање со квалификувано мнозинство“, рече Фон дер Лајен во интервјуто во мала група организирано од нејзината канцеларија пред самитот на Европскиот совет оваа недела, а на кој шефовите на држави и влади се очекува да имаат официјална одлука за кандидатски статус на Украина и Молдавија.

Фон дер Лајен одговараше на прашање од „Политико“ за тоа дали и како ЕУ можеби ќе треба да го промени својот процес на донесување одлуки, кој често бара едногласност, со цел да се приспособат на потенцијалните нови земји-членки, вклучувајќи ги не само Украина и Молдавија, туку и Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.