ТЕРА

REKLAMA???

ФОРМИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Во Општина беше избран новиот состав на локалниот младински совет. за претседател е избрана Викторија Брдаровска. Новиот младински совет има мандат од 2025 до 2027 година.

Постапката започна со формирање на иницијативниот одбор по објавен јавен повик на кој се пријавија 5 лица и истите беа дел од иницијативниот одбор кој го објави јавниот повик за Локално собрание за млади, информираат денеска од Општина.

На јавниот повик биле пријавени  18 лица, односно 9 делегати и 9 нивни заменици, кои го објавија огласот за членови на Локалниот младински совет, на кој од 15 пријавени лица, согласно бројот на советници во советот на Општина Битола, по презентација на предлог програмите, со тајно гласање беа избрани 9 членови.

Денес, членовите на Локалниот младински совет, за претседателка ја избраа Викторија Брдаровска. Таа во својот говор истакна дека очекува конструктивна соработка со младите, да го примени законот за младинско учестви и младински политики така како што треба. „Советот е слика за младите и ќе се погрижиме да го дадеме максимумот“ – изјави претседателката на Локалниот младински совет, Викторија Брдаровска.’

Градоначалникот Коњановски, ги поздрави присустните, нагласи дека иднината е во младите луѓе кои треба во следниот период се повеќе да бидат иницијатори и креатори на локалните делувања. Формирањето на Локалниот младински совет од 2022година, рече Коњановски, е процес на интензивно вклучување на младите во работата на Општината, спроцедување на нивните иницијативи, идеи, проекти.  Претседателката на Советот, Габриела Илиевска ги поучи новите членови дека оваа нивна активност можеби е првата којашто им овозможува да остават свој белег во градското живеење, само доколку иницираат и реализираат сопствени идеи.