ТЕРА

REKLAMA???

ХРАНАТА ГИ ЗБЛИЖУВА ЛУЃЕТО – МЕСО, СКАРА И ГОТВЕНИ ЈАДЕЊА ВО „ДРАНИ ПРЕМИУМ“

Готвени јадења, скара на жар, сендвичара, деликатест и месара. Сето ова на едно место, во новата месарница „Драни Премиум“ во центарот на Битола . Нивната приказна започнува пред 5 децении, само со двајца вработени, за денеска со многу труд и работа да ја постигнат бројката од 22 вработени и нов модерен објект, направен по сите стандарди.

Сите овие години се водат од мотото „квалитетот пред се“. Отворањето се случи во присуство на блиски пријатели, роднини, и муштерии.

„Ви благодарми што сте денес овде со нас. Почестени сме со Вашето присуство и се радуваме што сте наши гости. Денес нашето „Драни“ семејство се збогатува со нов член „Драни Премиум“, којшто пред се е плод на нашиот семеен бизнис кој го започна пред околу 5 децении таткото на мојот сопруг, како и на сите оние коишто дале свој придонес во развојот во сите изминати години,а најмногу на нашите ценети потрошувачи без кои не би биле она што сме денес,  за што бескрајно им благодариме. Пет децении ние ви обезбедуваме храна, сега и во нова форма… но со старото мото „Квалитетот пред се!“ И после сите искушенија во светот, епидемии, војни, кризи… храната е таа што ги зближува луѓето. Преку храната остваруваме контакти, се спознаваме себеси и ги запознаваме луѓето околу нас, славиме, учиме култури. Ние луѓето ја сакаме храната скоро колку што се сакаме себеси, така што ова нека биде место кое што ќе носи радост и среќа за сите“, изјави Јасмина Нечевска, сопственик на „Драни Премиум“.

Објектот беше осветен и од свештено лице. 

Она што ги прави поразлични од другите е тоа што нудат најквалитетно свежо месо и месни производи набавени исклучиво од македонска фарма и пристапни цени за сечиј џеб, вели менаџерот Николче Ристевски.  

„Чекавме долго време да се отвори, смогнавме сили за да направиме продложување на еден бренд кој постои 25 години. Тоа е брендот Драни, само вметнуваме наши нови идеи, се надевам на задоволство на граѓаните на Битола и пошироко. Ќе работиме со енергија со она познавање кое што го имаме ние. Станува збор за еден прекрасен локал каде што има готови јадења, скара на кило, сендвичара, месара и деликатес. Сето тоа ќе го правиме наменски, со труд и волја со цел да постигнеме поголем квалитет. Се надевам дека со тимот кој што го одбравме, ќе биде тимот кој што ќе соработува со граѓаните, ќе ги прифаќаме нивните идеи, се со цел да бидеме подобри. Мислам дека брендот „Драни“ ќе биде запаметен уште долги години, бидејќи се вметнува нова идеја. Целта е да се постигне квалитетот, бидејќи ако немате квалитет ќе ги немате муштериите“, рече Николче Ристевски, менаџер на „Драни Премиум“.

Повеќе од 2 децении дел од тимот на месарницата „Драни“ е и Васко Василевски.

 Во „Драни“ сум 24 години, чест и задоволство е да се работи со тимот на „Драни“. Работиме со свежо месо и пристапни цени“, рече Василевски.

Новата месарница се наоѓа на ул.11-ти Март во Битола, спроти стоковната куќа Јавор. Ќе работат од понеделник до сабота од 7 до 21 часот.