На Балканските училишни спортски игри Балканијада 2022 кои се одржуваат во Охрид, учениците спортисти на Гимназијата ,,Јосип Броз Тито“- Битола постигнаа одлични резултати екипно и поединечно, во силна конкуренција на осум репрезентации Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Косово, Бугарија и домаќинот Македонија.
Машката ракометна екипа е нов балкански училишен шампион
Ученикот Даниел Зхоу Главевски, кој имаше настап и на Светските училишни спортски игри, е нов балкански училишен шампион во пинг-понг.
Ученичката Ана Марија Нечова како државен шампион во шах имаше одличен настап на Балканијадата и го освои високото второ место.












