ТЕРА

REKLAMA???

ШАРЛ МИШЕЛ НА РАЗГОВОРИ ВО СКОПЈЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ќе престојува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, објави МИА.

Според агенцијата, ова било потврдено од високи дипломатски извори на ЕУ во Брисел. Во минатата недела почнаа консултации за предлогот, пред се со коалициските партнери во Владата, од кои некои веќе позитивно се изјаснија за предлогот.

 Тој ќе присуствува на владината седница на која токму предлогот ќе биде главна тема.

Предвидени се и тет-а тет средби со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.