Бели ленти за тоа кој до каже може да поставува маси, односно урбана опрема на Широк сокак. Пред неколку дена општината преку соопштениее потсети дека поставувањето на урбаната опрема на најамбиенталната улица во Битола, мора да биде во согласност со утврдените правила и прописи и издадените одобренија од општината.
Со цел отстранување на отстапувањата кај некои угостителски објекти и овозможување на доволно пешачка зона, општинскиот инспекторат, вршеше интензивни контроли на терен, притоа давајќи им налог на угостителите за итно постапување, согласно усвоените план и програма за поставување на урбаната опрема.
И неколку дена сликата на оваа битолска улица е променете. Урбаната опрема во рамките на белите граничници.












