ТЕРА

REKLAMA???

ШТИП ЈА НАДМИНА БИТОЛА – ПАСТРМАЛИЈАДАТА СО РЕКОРДНИ 100.000 ГОСТИ, МАНАКИ БЕЗ БРОЈКИ И СО МИЛИОНСКИ СУБВЕНЦИИ

Додека Штипската Пастрмалијада за неколку дена успеа да собере над 100.000 посетители и да донесе „неколку милиони евра” директен економски бенефит – сето тоа со само 4,5 милиони денари од општинскиот буџет за техничка поддршка – Битола и понатаму се крие зад звучни фрази и празни ветувања.

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки”, кој Општина Битола годишно го финансира со најмалку 3 милиони денари, по завршувањето на првите фестивалски вечери повторно нема храброст да соопшти колку посетители навистина привлекол, ниту каков реален приход им донел на угостителите и сместувачките капацитети. Наместо конкретнибројки, јавноста добива само декларативни фрази за „глобална препознатливост” и „културен бенефит”.

Фактите зборуваат сами:

-Штип – бесплатен влез, логистички обезбедени приклучоци, бесплатен превоз и концерт на Дино Мерлин финансиран од спонзори → 100.000 гости и милионски приход.

-Битола – милионски дотации за Манаки → 0 официјални податоци за посетители, 0 пресметан економски ефект.

Ниту пред овој Манаки, ниту пред било кој претходен “голем” настан, ниту потоа, општина Битола соопштила колку пари очекува да “заработи” таа и генерално целиот град или народски кажано колку се “офајдивме” од она во што вложува.

Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Додека Штип отворено покажува колку вреди нивната Пастрмалијада, Битола останува во сенка на сопствениот „културен бренд”, кој се рекламира со ѕвезди и црвени килими, но без транспарентност и мерливи резултати.

До кога Битола ќе се задоволува со празни пофалби, додека други градови со многу помалку средства носат вистински бројки, вистински гости и вистински пари?