„Војната за пратенички овој пат, го направи жртва ПАРК, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска обезбеди каква таква поддршка, ама заради ривалството и истата желба со директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски сдсмовските советници очигледно избраа страна и го жртвуваа ПАРК и интересот на битолчани.
Не можеме да веруваме дека се подготвени и ова да го направат и зад ваквото негласање во Советот да се кријат нивните внатрепартиски борби за пратеници од кои штета имаат само Битолчани?
Очигледно е дека советниците на СДС во Битола застануваат зад кандидатурата за пратеник на директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевска и влегуваат во отворена војна со Бисера Костадиновска Стојчевска.
Дали со неприфаќањето на донацијата за проектот кој тие го бараа од страна на нивната Министерка Бисера Костадиновска Стојчевска, испраќааат порака до централата на СДС дека доколку повторно ја предложат Бисера за кандидат за пратеник од Битола нема да дадат поддршка?“ праша советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓоргиевска.












