ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СПОРТИСТИ

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година.

Според соопштението од општината, право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и  другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:

-да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

-да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;

-да ја реализираат програмата за развој на спортот;

-да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;

-да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;

-да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;

-да се грижат за унапредување на младите категори;

-да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;

-да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;

-своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;

За начинот за пријавување повеќе информации на веб страницата на Општина Битола.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од  12.07.2024 година и трае заклучно со 29.07.2024 година.

Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2024 изнесува 1.500.000,00 денари  за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.