ТЕРА

REKLAMA???

ЈАНКУЛОВСКИ: РАСПОЛОЖЕНИЕТО КАЈ ГРАЃАНИТЕ Е ДА СЕ СМЕНИ ОВАА ВЛАСТ

“На кафе во ПОДЕМ” – предизборно расположение во Општинскиот изборен штаб на ПОДЕМ Битола. Вака го насловија вчерашното дружење на кое присуствуваше и претседателот на партијата Јанкуловски.

„ПОДЕМ потпиша коалиционен договор, а пред тоа донесе одлука на Централниот и Извршниот одбор за коалицирање и веќе сме подготвени, затоа што и во изминатиот период се подготвувавме. Што се однесува до самите избори навистина овој пат не може да се мериме како коалиција со другата коалиција, затоа што и сите анкети покажуваат, но не мора анкетите да го покажуваат, бидејќи тоа се гледа кај самите граѓани, значи расположението кај граѓаните е да се смени оваа власт“ вели Живко Јанкуловски, претседател на ПОДЕМ.

Тој вели дека кај граѓаните незадоволството е огромно од она што се случуваше во изминатите години.

Смета дека СДСМ не е во право и дека треба да се преиспита кога коментира за листата на ВМРО ДПМНЕ во петката, односно за тоа дека колку и да стават битолчани на таа листа, граѓаните не им верувале.

„Сега е доцна и само нивно преиспитување, без разлика колку се од Битола на листата на нашата коалиција,  без разлика колку се нивни, разликата ќе биди огромна, во најмала рака јас очекувам нивната бројка да биди преполовен за разлика од бројката на коалицијата“ вели тој.