ТЕРА

REKLAMA???

ЈП „СТРЕЖЕВО“ ИМА ПОЛНИ 46 ГОДИНИ

Најголемиот водостопански објект во државата, хидросистемот Стрежево го одбележа својот 46 годишен роденден. На свечена академија се зборуваше за важноста на овој систем, за фактот дека скоро половина век значат време за негово целосно обновување и обновување на човечките ресурси, за живот на системот кој дава живот.

Видео-презентација за почеток во чест на сите вработени во најголемиот водостопански објект во државата – ЈП Хидросистемот „Стрежево“. Многубројни се дејностите, а денеска сите тие го одбележаа 46 роденден на претпријатието. Момент за осврт кон почетоците, актуелните состојби и планираната и посакуваната иднина. Претворањето на водата во енергија е најголемиот предизвик и врвниот приоритет , рече во своето обраќање пред присутните директорката Вера Бешлиевска.

„Граѓаните, по природата на нештата очекуваат многу работа и транспарентно работење. Навистина не е лесно, но работиме и создаваме промени кои значат подобри денови за нашите корисници и за вработените. Многу нови, инвестиции и проекти, кои значат подобрување на работењето на Стрежево, подобрување на услугите кон нашите корисници, индустријата, деловните партнери, а со тоа и остварување добри економски резултати.“ рече Вера Бешлиевска.

Ние како Стрежево исправени сме пред два клучни предизвика, рече таа, системот има полни 46 години што укажува на потребата од капитални инвестиции за обновување на целокупниот хидросистем, додека е функционален. Вториот предиизвик пак од годините кои незапирливо минуваат е смената на генерации, природната промена, обновување, подмладување на стручниот човечки капитал за хидросистемот да може да продолжи со максимално ефективна и ефикасна организациска функционалност. Новиот менаџерски тим стратешките заложби ги насочи кон капитални инвестициски проекти: Рехабилитација на постојниот Главен доводен канал, Нов цевковод за водоснабдување на РЕК Битола и регионалниот водоснабдителен систем за општините Битола, Могила и Новаци

„ Рехабилитацијата на Главниот доводен канал е тесно поврзана со второ наведениот проект – новиот цевковод, без кој што невозможно е да биде извршена регабилитацијата и тој всушност значи алтернативно водоснабдување.  Софтвер и опрема за динамичка регулација на системот SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition)-систем за мониторинг кој овозможува автоматско следење и управување на целиот систем, лоцирање на дефектите и нивно брзо отстранување односно автоматска регулација и управување со системот,  Заштитен систем од отпадни води на акумулацијата Стрежево и  Рехабилитација на цевководи од детална цевководна мрежа.“

46те години од формирањето на Стрежево прозвучија во знак на енергетиката, хидроенергетскиот поденцијал кој треба да се искористи. Прф. Д-р Владимир Мијаковски од Техничкиот факултет зборуваше за енергијата што сега се произведува и потенцијалот во иднина.

 

„Стрежево уште од самиот почеток, како интегрален дел, иако не е примарна задача на компанијата да произведува електрична енергија од водите, сепак и тоа го користи. Уште од почетокот на работењеро било тоа зацртано како една водилка во нејзината работа. Така, од 1992 до 1997 година се изградени четири мали хидроцентрали , а во 2012 уште една. Беа планирани уште два електроенергетски проекти ХЕЦ Лера и ХЕЦ Кажани. Интересни податоци се дека просечното производство во сите досега функционални мали хидроцентрали на Стрежево е некаде 10-11 MWh што како бројка можеби ништо не значи но, тоа е доволно да ги задоволи потребите на 1800 до 2000 домаќинства годишни, што би било 7%-8% од домаќинствата во Битола. “

Во прилог на Стрежево кон производство на енергија од обновливи извори се фактите од регулаторната комисија за енергетика рече проф. Мијаковски, што говорат дека од 537 централи во Македонија изградени досега, 521 се фотонапонски централи, а Балканот споредувано со остатокот на Европа е регион со најмалку искористен воден потенцијал. На денешното одбележување на годишнината освен вработени, присуствуваа и пратеници во македонското собрание и поранешни вработени во претпријатието, заменик министерот за земјодели – Фљакрон Беџети.