ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ ЧИСТИ ДО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ

Од горниот дел од реката „Драгор“, преку Црн мост така надолу кон центарот на градот, „Нискогардба“ го чисти коритото на реката, кое е обраснато со треви и грмушки или бујна вегетација.

Минатата недела информиравме за тоа каква е состојбата во центарот на Битола, односно кај Старата чаршија, каде високи треви се издигнаа над водата.

Од „Нискоградба“ велат дека секоја година спроведуваат акција за чистење на речното корито согласно договорот што го склучуваат со Општина Битола, а како дел од плановите и програмите на општината.

Како што велат од „Нискогардба“ чистењето ќе продолжи се до долниот тек на реката, односно до кај железничкиот мост.

Со ова ќе се намали и опасноста за инсекти кои летно време ги има многу, нема да биде скривалиште евентуално на змии и гуштери, а и сликата на градот ќе биде поубава.