Трагите од пареа кои авионите ги оставаат зад себе на небото и сериозно и штетат на климата, може лесно да се решат, велат експертите за авијација, а новата студија сугерира дека тие би можеле да се елиминираат за неколку фунти по лет.
Овие трагови се јавуваат кога авион поминува низ ладна и влажна атмосфера, создавајќи облаци кои ја задржуваат топлината „Тие создаваат вештачки слој од облаци, кој ја заробува топлината од Земјата која се обидува да избега во вселената“, рече Карлос Лопез де ла Оса од организацијата Transport & Environment, која врши ново истражување за решенијата за овие облаци.
Авионските кондензациски траги предизвикаа разни теории на заговор кои тврдат дека со нив се контролира умот и се шират болести, но научниците велат дека вистинскиот проблем е нивниот ефект на затоплување. Истражувачите тврдат дека овие траги на небото во суштина го удвојуваат количеството на загревање што е предизвикано од употребата на фосилни горива во авијацијата. Теориите на заговор пораснаа до толку што некои луѓе тврдат дека тие се всушност „chemtrail“ (хемиски траги) кои содржат хемиски или биолошки супстанции.
Сите овие тврдења се неосновани. “Жалосно е што овие теории за заговор го замаглуваат фокусот на проблемот каде што е потребен консензус и јасност,” вели Матео Мироло од Breakthrough Energy, еден од организаторите на дискусијата на COP29 за кондензациските трагови од авионите.
„Chemtrails се неоснована теорија. Едноставно нема научна поддршка“, рече Мироло.
За проблемот првпат ќе се разговара на климатската конференција на ОН, COP29, во Баку, пишува BBC.












