ТЕРА

REKLAMA???

АВИОН СЕ УРНАЛ ВО НЕПАЛ ВЕДНАШ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО

На аеродромот во главниот град на Непал, Катманду утрово се урна авион при полетување, a потоа се запалил.

Авионот превезувал двајца членови на екипажот и 17 техничари во градот Похара на проверки за одржување. 18 лица загинаа, а преживеал само пилотот на авионот

Авионот е во сопственост на локалниот оператор „Саурија ерлајнс“, наведуваат медиумите. „Саурија“ оперира со домашни летови во Непал со два регионални авиони „бомбардиер ЦРЈ-200“, и двата стари околу 20 години, според Флајт радар 24.