ТЕРА

REKLAMA???

АДРИЈАН РУСТЕМОВСКИ СО ПОБЕДА ПОЧНА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОРЕЧ

Македонскиот боксер, битолчанцот Адријан Рустемовски, тргна со победа на Европското првенство за помлади сениори кое се одржува во хрватскиот град Пореч.

Рустемовски во првото коло беше подобар од полскиот ривал Сочовка Игор Презмислав со 4-1, со што си обезбеди нова рунда на шампионатот. Со уште две евентуални победи, Рустемовски ќе стигне барем до бронзен медал.

На овој турнир ќе настапи и Бајрам Маутовски, кој на 11 април ќе ги одмери силите со Олександр Звириев од Украина, а победа му носи барем бронза.

На Европското првенство во Пореч се пријавени 253 помлади сениори и 123 помлади сениорки (вкупно 376 млади боксери и боксерки родени 2006 и 2007 година) од 35 земји.