Во изминатите неколку дена, се спроведуваат координирани активности на терен од страна на претставници на ЕСМ Молика , Македонија Пат и Национален Парк Пелистер. Овие институции, по одржаниот координативен состанок, започнаа со сеча на вегетацијата и подобрување на инфраструктурата на патот кој води од Голема Ливада до Хотел Молика.

Како дел од овие активности, се изврши кастрење на високи гранки и сечење на нискостеблеста вегетација, а исто така беа чистени канали и обезбедени пристапни места за безбедно разминување на возила, информираше директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков.

Овие мерки се преземени со цел да се подобрат условите на патот кој води до Хотел Молика и ски-патеката Копанки, што е од големо значење за безбедноста на посетителите, како и за подобрување на визуелниот изглед на патната инфраструктура.
Во наредниот период, ЈП Комуналец Битола ќе продолжи со чистење на вегетацијата на патот од Дихово до Трново – Магарево, во рамките на своите надлежности.

Со овие активности се очекува да се постигне значително подобрување на безбедноста во сообраќајот, удобноста при патувањето, но и генералниот впечаток на посетителите на Пелистер.
Фото: Фејсбук












