ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ВО ИСТАНБУЛ

„Поминаа три години од почетокот на крвавата војна во Украина, сите погледи на светот се вперени во календарот: 15 мај 2025 година, дали двајцата Владимирови, рускиот и украинскиот претседател, Путин и Зеленски, конечно ќе се сретнат и директно ќе преговараат за условите за мир?“ – пишува Би-Би-Си во информацијата за Руско-Украинските воени дејствија и предлозите за примирје, односно договор за мир.

Путин пред неколку недели предложи директни преговори, а лидерите на неколку земји од ЕУ предложија Русија да започне 30-дневен прекин на огнот на 12 мај. Денешните информации од теренот зборуваат за руски напад со дронови.

Засега нема прекин на огнот, а на предлогот на Путин веднаш реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој му порача на Зеленски: „Веднаш прифатете го, очајно е потребен мир, престанете со убиството“.

Засега двете страни најавија средба во Турција, Истанбул или Анкара, а американските медиуми пиуваат дека двајца од специјалните пратеници на Трамп, Кит Келог и Стив Виткоф, би можеле да дојдат во Истанбул „како набљудувачи“.