Нашите годинашни претставници на детската Евровизија,битолчаните Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, ја имаа втората проба на големата сцена во Мадрид, Шпанија.
На фотографиите од пробата, објавени на официјалните инстаграм-профили на Ванчевска и Ивановски, можеме да видиме како ќе изгледа дуото за време на големото финале, кое ќе се одржи во сабота, на 16 ноември, со почеток од 18 часот.
Гласањето започнува во петок, 15 ноември, од 21 часот на следниот линк: https://vote.junioreurovision.tv/














